Добрината е насекаде околу нас, на овој свет сѐ уште има прекрасни работи...

Понекогаш, имаме чувство дека светот околу нас гори. Изгледа дека животот секогаш се случува во најлошите времиња, а понекогаш човек да прашува дали ќе го издржи сето тоа. Па така, се вртите околу себеси и се прашувате дали сѐ уште постои добрина на овој свет. Тука сум за да ви кажам дека постојат многу добрина на овој свет. 

Светот често изгледа како септичка јама полна со негативности: длабока, темна дупка, непремостлива планина. Но, не морате сами да се соочувате со овој свет. Обратете им се на луѓето околу вас. Разговарајте со некого во четири очи. Насмевнете им се на луѓето кои ги среќавате. Поздравувајте ги вашите соседи. Правете добрини и ќе започнете да гледате добрини околу вас. 

Лесно е човек да се фокусира на лошото. Во ерата на социјални мрежи, бомбардирани сме со информации и во поголемиот дел од времето, лошите приказни најбрзо се шират. Сосема е океј да се тргнете од сето тоа, особено додека повторно застанувате на нозе. 

Но, драги мои луѓе, бидете уверени дека сѐ уште постои добро на овој свет. 

Добрината постои во начинот на кој вашето куче ве гледа кога ќе си дојдете дома после долг и напорен ден и како никогаш не ви се лути што сте си заминале, само е среќно што сте се вратиле. 

Добрината постои во љубовта на мајката кон своето дете, своето мало чудо.

Добрината постои во чувството кое го имате додека за првпат држите нечија рака во својата. Толку мала и едноставна работа, но изненадувачки интимна. 

Добрината постои во бракот кој трае 50 години, кој и покрај сите лоши искуства, сепак е полн со љубов. 

Добрината постои во заразната енергија полна со надеж кога ќе отидете на нечија свадба. Љубовта во очите на младоженците и чувството на гордост во очите на нивните најблиски. 

Добрината постои во прошката која секојдневно ја гледаме и во поголема, но и во помала мера. 

Добрината постои во луѓето кои влегуваат во оган, кои се фрлаат пред опасноста и ги спасуваат животите на оние кои ги повредиле. 

Добрината е насекаде околу нас. 

На крајот на тунелот има светло, а сонцето секогаш се појавува после тешка бура. Тука е и среќата која ја надминува секоја тага. 

Се прашувате како е возможно толку долго да сте биле толку силни, но некако сѐ уште сте тука.

Светот и натаму се врти, а на светот сѐ уште има прекрасни работи, драги мои.