Добредојдовте во Скопје за УЕФА Супер Куп 2017- Претставен официјалниот флаер за навивачи

Фудбалската федерација на Македонија на својата официјална веб страна го претстави официјалниот флаер (брошура), наменета пред се за навивачите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, тимови кои на 8 август во Скопје ќе се борат за трофејот во УЕФА Супер купот.

Во инфо – брошурите објавени на англиски и шпански, добредојде на сите навивачи и фудбалски фанови за натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед им посакуваат претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Во официјалниот флаер се содржани основни информации за градот Скопје, како да се пристигне во Скопје, информации за Националната арена „Филип Втори“, фан зоните и како најлесно да се пристигне на стадионот.

Флаерите може да се преземат на следниве линкови  SCUP2017_Spectator_Leaflet_ENG_252x297mm_001.pdf и SCUP2017_Spectator_Leafle