Не знам зошто, но секогаш се чини дека добрите девојки/жени на крајот секогаш се оние кои завршуваат со скршено срце.

Веруваме во надеж и љубов и во нас има една чиста страст и верба дека ако сакаме силно и онака како што треба, тогаш љубовта ќе ни биде возвратена.

Ние сме добри.

Не е дека одвреме-навреме не сме малку лоши, туку затоа што во нас има една невиност која прави секогаш да ја правиме вистинската работа, дури и кога никој друг не гледа. Даваме се што имаме. Им ги подаруваме нашите насмевки на другите, дури и ако нашите срца се грчат од болка.

Кога веруваме дека никој не гледа, им дозволуваме на очите да се преплават со сите чувства за кои се плашиме да зборуваме. Не сакаме да предизвикуваме болка кај другите и на крај ние сме тие кои се повредени поради тоа што се премногу добри.

Со нас нема драма или непостојаност, ние сме лојални и посветени.

Не ни треба некој да не исполни или да ни каже кое е нашето место во светот и затоа секогаш делуваме дека сме океј. Им дозволуваме на другите да мислат дека ако си заминат, ние ќе бидеме океј, затоа што за другите изгледаме дека секогаш сме океј и добро.

И токму оваа значка на лажна самодоволност е тоа што нѐ уништува.

Добра девојка сака со цело срце.

Таа не сака да игра игри, ниту пак да глуми лудило. Таа го бакнува сонцето и ја прегрнува месечината, насмевнувајќи се само на шансата да биде нечија светлина.

Таа е добра и таа е добро.

Сепак, делува дека тоа добро не е доволно добро. Премоќно е, преплавено од безусловеноста затоа што полесно е да не веруваш во магијата на љубовта отколку да веруваш во реалноста.

Проблемот е што таа стана премногу добра во преправање.

Со тоа што ја става среќата на сите останати пред својата и ширејќи енергија толку многу што самата е исцрпена, таа никогаш не ја бара единствената работа која ја сака. Некој да види дека нејзината добрина е најнежниот дел од нејзиното срце. Иако изгледа цврсто, вистината е дека му треба заштита.

Добрата девојка се надева дека еден ден некој ќе сака да ја заштити од единствената работа од која се плаши: да биде повредена.

Понекогаш се случува за миг, понекогаш низ текот на избледените години, но таа повторно завршува сама, затоа што сите мислат дека е доволно силна за да го издржи тоа.

Вистината е дека во себе таа се тресе и плаче над помислата дека повторно ќе биде оставена, неизбрана, затоа што таа е „силната.“

Можеби вината е нејзина, затоа што единствената работа која ја очекува е дека другите го имаат нејзиното добро срце. Верува дека на крајот доброто победува без оглед на околностите и дека можеби еден ден, некој конечно ќе ја види таква каква што е.

Ние не вртиме приказни, ниту пак сплеткариме, ниту пак бараме ништо... ние само сакаме. Но, на крајот, нашата дарба е нашето проклетство.

На крајот на приказната изгледа дека добрата девојка секогаш завршува со скршено срце.

И не е важно што ќе и кажете, затоа што на крајот таа ќе верува дека таа е виновна. Нејзината љубов се преобрази во нејзина болка.

Можеби на таквите девојки им е судено да бидат напуштени. Можеби заслужувани да бидат прегрнувани и ценети, но реалноста е дека на крајот повторно завршуваат сами и со скршено срце.

Тие се добрите девојки, оние кои се малку преискрени, малку прељубезни и сакаат малку повеќе од обично. Тие сѐ се она што еден маж посакува, а сепак тие никогаш не бидуваат избрани.

Затоа што најтешката работа за нив е да кажат: „Не заминувај. Без тебе ќе се скршам.“

Наместо тоа, тие решаваат да си ги скршат сопствените срца.