Добра вест за оние кои бараат работа: Во АВРМ има голем број на слободни работни места

Вкупно  4459 слободни работни места во Македонија евидентира Агенцијата за вработување. Најголемиот дел, 560 се во Скопје, додека во останатите градови има по стотина непотполнети работни позиции.

Сепак, Агенцијата забележува се повеќе барања за поспецифични занимања и карактеристики на работниците.

Според Агенцијата, најмногу огласи за вработување имаат компании од Скопје, а најмногу се бараат продавачи, хигеничари, келнери.

Од една страна, на пазарот на труд има слободна работна сила, а од друга страна, компаниите имаат потреба од работници со соодветни вештини. Недостига стручен кадар, а со овој проблем се соочуваат и домашните и странските компании.