Добра вест ако барате работа во странство: Германија отвори 30.000 позиции

Германската економија отвори 30.000 работни места само во месец март! На Германија секојдневно и е потребен трудот на странските работници!

Во Германија се намалува невработеноста. Федералната агенција за вработување регистрира рекордно ниска невработеност. Во моментов, стапката на невработени граѓани изнесува 5.8% од вкупното население.

Според податоците од март, земјата ја достигна најниската стапка на невработеност, од обединувањето во 1990 година па наваму. Наместо за 10.000, како што прогнозираа експертите, бројот на невработени во Германија е намален за цели 30.000 луѓе, само за еден месец.

Според Агенцијата за вработување, пазарот на трудот продолжува да се развива во многу позитивна насока. Стапката на вработување постојано расте, а побарувачката на работна сила станува сé поголема.

Се очекува дека на крајот на 2017 година, Германија ќе има 44 милиони вработени, и околу 2.5 милиони невработени.

Најмногу нови работни места во моментов има во јавните услуги, образованието и здравството. Тоа е подем во сфери кои, видливо, исто така имаат директна или индиректна поврзаност со напливот од мигранти во Германија.