Доаѓа време на празници, но за некои луѓе тагата е посилна

Доаѓа време на празници, за многу луѓе еден од највеселите периоди во годината. Но, за многу други, не толку среќен период.

Многу луѓе се соочуваат со интензивна тага поради смртта на некои од нивните блиски. Стресот и тагата се големи за нив, а осаменоста секојдневие. 

Според едно истражување спроведено од универзитетот Харвард, симптомите кои се јавуваат поради интензивното чувство на тага се болка во градите, краток здив, срцево напрегање, депресија и анксиозност.

Во ова истражување учествувале околу 2000 учесници, а било докажано дека често симптомите на загуба можат да се и физички, не само психички и емоционални. 

Затоа, доколку во вашата зграда или соседство, имате сосед кој е осамен, или пак ако некој од вашите родители е сам, потрудете се да им ги разубавите празниците. Не морате да правите премногу, доволни се само насмевки, дружење, топли напитоци и прегратки. Разубавете нечиј ден и недела, чувството е прекрасно.