Доаѓа вистинска зима - Циклон од јужна Италија ќе донесе голема количина на влага над Македонија

Циклон од јужна Италија ќе донесе голема количина на влага над Македонија, jавува УХМР.

Според информациите, во среда и четврток се очекува облачно време и интензивни врнежи од дожд кои на некои места ќе надминат 60 литри на метар кубен.

УХМР предупредува на дождлива недела па врнежи се најавуваат и во петок. За викендот се очекува разведрување што на почетокот на идната недела ќе донесе и ниски температури. Вистински зимата ќе ја почувствуваме на средината на идната недела кога утринските температури ќе паднат и до 10 степени под нулата а максималните дневни, ќе бидат под 8.

Целиот овој релативно студен период во претпоследната недела од ноември ќе биде проследен со врнежи кои ќе се создадат услови од дожд да преминат во снег на некои повисоки места но и во некои градови низ Македонија.