Доаѓа последната полна месечина за оваа година: Здивнете длабоко, најдете сила за нови битки и пуштете ги работите кои веќе не ви се потребни

Што ни носи последната супермесечина за 2020 година?

Таа доаѓа на 7 мај и се наоѓа во знакот Шкорпија. Носи неверојатна убавина на еден крај, чистење на душата и детоксикација на емоциите, како и одлична подготовка за периодот кој следи.

Мајската супермесечина носи големи промени кои ќе имаат голема смисла за нашиот живот. Време е да се свртиме наназад и да видиме какви искуства ни донесоа животните лекции кои ги имавме досега.

Ќе имаме можност да видиме како сите коцкички во нашиот живот се склопуваат, што ни носи неверојатна смиреност и безгрижен период. Ова е период на крај на многу полиња. Крајот понекогаш носи болка, но тоа е и шанса за нов почеток. Природата е најдобар показател за циклусот на почетокот и крајот – животот и смртта.

Крајот на еден период ви носи збунетост и меланхолија, но Руми вели дека сè што сакаме, ќе се појави во друга форма. Така и оваа супермесечина носи убавина и победи.

Здивнете длабоко, најдете сила за нови битки и пуштете ги работите кои веќе не ви се потребни. Отворете го срцето за нова животна убавина.