До петок трае Отворениот ден на Катастар

Граѓаните на Скопје, имаат рок до петок да се обратат во просториите на Центарот за катастар на недвижнини, доколку имаат проблеми или неајаснотии во врска со предмети под надлежност на оваа институција. Секојдневно, во периодот од 9 до 17 часот стручни тимови се на располагање за консултации со граѓаните. Активностите се во рамките на „Отворените денови на Катастарот“.

До сега 740 граѓани се имаат обратено на стручните лица од Катастар, за да добијат совет, да исправат грешка или да добијат упат или насоки како да постапат во одредена ситуација.

Минатата година, Катастарот решил 1,2 милиони предмети, односно 130 000 повеќе споредбено со претходната година. Покрај во Скопје, „Отворен ден на Катастарот“ се реализира и во другите градови од државата. До сега одржан е во Штип, Велес, Охрид, Струга, Дојран, Богданци, Новаци, Могила и Кривогаштани, а се очекува наредната недела да биде одржан и во Ресен и Демир Хисар.