До море во Хрватска преку патарини поскапи за 10%

Од 1 јули во Хрватска на сила стапуваат поскапи, летни тарифи на патарините за мотоцикли и патнички автомобили на автопатиштата. Патарините до 30 септември ќе бидат за 10 отсто поскапи во однос на зимската тарифа.

Така, според летната тарифа, ако патувате на релација од Загреб до Сплит наместо 24,4 евра, ќе треба да платите 26,8 евра.

Патарината на релација Загреб-Риека ќе чини 10,4 евра, а од Загреб до Осиек ќе се плаќа 18,1 евра.

Како што пишува хрватскиот весник „Вечерни лист“, патарината на некои делови на автопатиштата и по стапувањето во сила на летната тарифа ќе останат исти, додека на некои зголемувањето ќе биде над 10 отсто, што зависи од методологијата на пресметување.