До мојот иден маж: Сакам заедно да ја градиме нашата приказна!

Бракот како институција ги става луѓето во кутија. Прстените, свадбените ѕвона, хипотеки, документи. Традициите, законите и навиките. Многумина се плашат дека бракот ќе направи да ја изгубат својата независност и дека ќе го живеат животот на партнерот, а не својот.

Јас сакам авантури, приказни и смеа. Сакам разговори до доцна во ноќта и бакнежи кои предизвикуваат пеперутки. Сакам некој кој не се плаши да лета, кој верува дека постои магија.

Сакам некој кој ќе се појави на аеродром и ќе покаже место на светската мапа. Кој не се плаши да се нурне во длабочините на океанот. Некој кој веруба дека животот е авантура, патување, а не само распоред на обврски.

Сакам некој кој ги знае моите стравови и кој ме предизвикува да ги надминам. Некој кој ги гледа моите солзи и мисли дека сум прекрасен хаос.

Маж кој ќе плаче со мене и кој ќе ми ја покаже својата душа, некој кој ќе се грижи за мене, некој за кого и јас ќе се грижам.

До мојот иден маж:

Сакам да бидеш забавата во мојот живот, човекот поради кој ќе сакам да живеам. Сакам да бидеш пријателот со кого заедно ќе пијам текила во бар, човекот кој секогаш е покрај мене и љубовникот со кого ќе лежам цела ноќ во недела.

Сакам да пееш заедно со мене под туш и голи да танцуваме низ куќата. Кога ќе помислам на нашите патувања, си замислувам како седиш во мене во авион и заедно се обидуваме да ги прочитаме знаците напишани на јазик кој не го разбираме, како заедно јадеме нова, егзотична храна. Ти си човекот со кого сакам да го истражувам светот.

Кога ќе бидам тажна, сакам да бидам во твоите раце. Кога имам возбудливи вести, сакам да го чујам твојот глас. Сакам да се карам и да не се согласувам со тебе. Сакам ти да бидеш тој кој ќе ме турка напред, човекот кој ќе ме инспирира.

Ги сакам твоите усни пред да си легнам и твоите раце на моето тело кога ќе се разбудам.

Сакам да правам се со тебе, да видам се со тебе, да бидам се што сакам со тебе. Не сакам да се изгубам себеси во тебе, сакам да остарам до тебе.

Како што си проаѓаат годините, ние ќе ја раскажуваме нашата приказна – приказната која ние ја изградивме, создадовме и искусивме заедно. Приказната која решивме да ја создадеме не поради тоа што бракот беше нешто што моравме да го направиме, туку поради тоа што тоа беше најнормалната и најприродната работа за нас двајца.