До мајката која детето го “воспитуваше ” во Градскиот парк - бесот и нервозата се чуваат дома, не се за на улица

Убавото време викендов ги раздвижи скопјани, и млади и стари. Мајките конечно излегоа со своите деца, да уживаат и прошетаат на сонцето.

Една револтирана мајка, испрати порака, наменета до мајката која вика и го воспитува своето дете и тоа во парк.

Како не ти е срам? 

И од каде јас да знам, или другите луѓе околу тебе кои беа во голем број какви проблеми имаш ти во твојот живот. Дали ноќеска спиеше или не, дали овој месец ги плати сметките, имаш ли фамилијарни проблеми, дали си нешто болна, па едноставно се ти се собра па да дојдеш до тие граници да мораш така агресивно да викаш на своето дете и тоа на јавно место, во парк.

Секогаш реагирам кога ќе видам дека некој на тој начин си го воспитува своето дете.

И од каде јас да знам дали твоето дете тоа го заслужило или не, па ти да реагираш со тој тон. И не само јас, туку сите што бевме во паркот. Нормано, дека не знаеме. Ние само вртиме со главата лево десно, и се чудиме зошто е потребно такво однесување и во каква личност ќе израсне твоето дете кога ти си негов пример.