До крајот на октомври сите домаќинства ќе имаат евтина струја и попладне

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го измени тарифниот систем за да се воведе евтина дневна струја од 14 до 16 часот.

Наскоро треба "Службен весник" на РМ да го објави изменетиот Тарифен систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи што до нив минатата недела го достави Комисијата.

Со овие измени треба да се овозможи од октомври повторно да се воведе дневна евтина тарифа на струјат, а операторот на дистрибутивниот систем ЕВН Македонија веднаш на терен ќе почне активности за промена на тарифите кај секое од 800.000 броила на секое поединечно домаќинство.

Како што информираат од ЕВН Македонија, за да се реализираат овие активности компанијата врши софтверско прилагодување на системот.

Според нив ќе треба време да се прилагодат броилата за евтината струја, за што ќе се работи по реони. Најавуваат дека процесот за сите домаќинства ќе го завршат до крај на октомври. Прилагодувањето на секое поединечно бороило е рачно за што е потребно физички контакт со секое броило од страна на читачите на броилата.

-ЕВН Македонија ги почна подготовките за воведување на ефтината тарифа согласно одлуката на Владата на РМ и Регулаторната комисија за енергетика. Во системот за дистрибуција на електрична енергија има 800 илјади броила кои ќе мора да се прилагодат на новиот тарифник. Целиот зафат ќе се спроведе по реони и во зависност од отчитувачката група во која спаѓа корисникот. Во зависност од тоа ќе се знае и кој корисници кога ќе почнат да ја користат евтината тарифа - велат од компанијата и појаснуваат дека прилагодувањето на секое поединечно броило е мануелно, за што е потребно физички контакт со секое броило од страна на нашите екипи.

Токму затоа како што потенцираат од компанијата во текот на месец октомври би требало да се сетираат сите достапни броила за мерење по новата тарифа.

Со измените на Тарифниот систем од октомври ќе стартува дневна евтина тарифа за потрошувачите од групата домаќинства, во периодот од 14 до 16 часот од понеделник до сабота.Од дистрибутивната компанија потсетуваат дека како и досега, евтината тарифа ќе продолжи да се применува во недела во тек на целиот ден и равотните денови навечер од 22 часот до 7 часот наутро.

Премиерот Заев и Анѓушев на зедничката прес конференција во Владата веќе нагласија дека оваа мерка нема да има влијание на покачување на цената на струјата, напротив може да влијае на намалување на сметките кај домаќинствата кои ќе штедат.

-Доколу се внимава и домаќински се користи ефтината тарифа сметките на одредени семејствата можат да бидат пониски од 30 до 40 %, особено кај оние кои што планираат правилно да ја користат - смета Ангушев.