Целосно ќе се менува  начинот на  наплата на патарините во Европа. Во унијата вињетите ќе се исфрлат од употреба. Македонија пак одлучи да воведе модел со при- пејт картички.

Од претпријатието за државни патишта во земјава  уверуваат дека до крајот на годинава  на сите наплатни страници, долж коридорот 10 патарината ќе се плаќа електронски- со при пејт каритчки. А на коридорот 8 се очекува до крајот  на следната година. Веќе се обезбедени 500 илјади картички. Цената на картичките ќе се движи од едно  до две евра. Возилата пак кои се постојано на пат- камионите, комбињата кои вршат достава ќе користат  тагови кои ќе чинат од 10 до 20 евра

Модерниот начин на наплата на патарината ќе ја намали потребата од човечки фактор.

-  Во првите две до три годни нема да имаат проблем, реле Зоран Китанов- директор на агенција за државни патишта

Во Македонија во моментов има десет наплатни станици, но ќе се градат уште четири плус. Две на новиот автопат Демир Капија- Смоквица, а другите две на делицата Миладиновце- Штип.

Европската унија пак се подготвува за промена на системот за наплата на автопатите, со тоа што патарината ќе се наплаќа според моделот на помината делница на автопатот.