Денес е петок, 21 април 2017 година, 111-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:40, а ќе зајде во 19:24 часот. Денот ќе трае 13 часа и 44 минути. 


Во утринските часови во крајните северозападни како и во североисточните и централните предели имаме умерено облачно време, додека пак во западните, југозападните и крајните југоисточни предели претежно сончево и студено време. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија невообичаено студено утро за овој период од годината со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -5 до 4 степени, температури кои се за 3 до 8 степени под просекот за овој период од годината. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сонечви периоди, ветровито и студено време. Попладне во крајните југозападни и северозападни предели со услови за слаби врнежи од дожд и снег. Кон крајот на денот намалување на облачноста. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Максималните дневни температури ќе достигнат до 2 односно до 13 степени. 

СКОПЈЕ - Во Скопје умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 1 степен, додека пак максималната дневна температура до 9 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Врвот овој студен бран ќе го има во сабота наутро кога се очекуваат температури од -7 до 2 степени. Во текот на денот претежно сончево и потопло време со максимални температури кои ќе достигнат до 7 односно до 18 степени. Во недела студено но малку потопло утро со температури од -4 до 5 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време со максимални 12 односно 23 степени. Во понеделник и вторник по сончевото и студено утро со минимални температури од 0 до 9 степени во текот на денот ќе биде претежно сончево со дневни температури кои ќе бидат во пораст и ќе се движат од 15 до 25 степени во понеделник, односно од 16 до 26 степени во вторник. 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во сабота уште едно студено утро со температура од -1 степен а во текот на денот претежно сончево и потопло време со дневна температура до 14 степени. Во недела претежно сончево и свежо време, минималната температура од 2 а максималата до 19 степени. Во понеделник и вторник сончево и потопло време со максимални 22 односно 23 степени.

Weather4all.com.mk