До кога ќе се продолжува мандатот на општинските градоначалници?

Министерството за локална самоуправа и Министерството за правда доставиле иницијатива до Уставниот суд за продолжување на мандатите на градоначалниците и на општинските советници. Министерката за локална самоуправа вели дека се бара интерпретација на одредбите, кои освен регуларниот четиригодишен мандат, не предвидуваат ништо за вонредни случаи, како што е сегашната ситуација.

„Поради тоа што во актуелниот закон не се предвидени услови какви што сега имаме покренавме иницијатива, која веќе е доставена до Уставниот суд. Сметаме дека оваа институција на професионален начин и во најкраток рок ќе ни одговори“. – изјави Ширете Елези, министерка за локална самоуправа.

Но, до кога се бара продолжување на мандатот на општинските градоначалници и што ќе се случи со локалните избори?

„Мислиме дека е пологично да имаме продолжување на мандатот на актуелните општински градоначалници и советници, се додека не се создадат услови за распишување на локалните избори, што не е обврска на министерството, туку на Собранието и Претседателот на Собранието“. – вели Елези.

Мандатот на актуелните градоначалници на општините кои беа избрани во 2013 година наскоро истекува, а рокот за распишување на регуларните локални избори за тие, како што нормира законот да се одржат во првата половивна од мај, истече на 6 март. Ова прашање продолжува да виси, зашто поместување на локалните избори е можно преку измена на Изборниот законик, за што се потребни две третини од пратениците.