До каде ќе оди нашиот напредок?

Кога мојата баба ја посетувала својата мајка, потребни ѝ биле три дена. Еден ден се возела во запрежна кола, еден ден поминувала во разговор, пренесувајќи ѝ ги новостите, а третиот ден го поминувала на патот кон дома.

Кога мојата мајка ја посетувала својата мајка, потребни ѝ биле два дена. Патувала со воз, и ако врските биле добри, стигнувала уште истата вечер. Ќе си позборувале за сѐ и сешто, а утредента се враќала дома.

Кога јас ја посетувам мојата мајка, потребен ми е половина час. Доаѓам на 10 минути, затоа што на децата им станува досадно или секогаш сум во некакво брзање.

Колку време ќе ѝ биде потребно на мојата ќерка кога таа ќе ме посетува мене?