До идниот татко на моите деца...

Кога те гледам тебе, гледам време. Ја гледам нашата љубов и нашата иднина. Го гледам животот кој го изградивме и животот кој ќе продолжиме да го градиме заедно.

Ги чувствувам твоите раце на моето лице, твојот палец на мојата брада и јас потонувам во твоите очи. Начинот на кој го припојуваш твоето тело до моето на крајот од денот пред да заспиеме и твојата рака која ме прегрнува рано наутро.

Се насмевнувам на твојата насмевка и на чувството на твојот образ на моите усни.

Ова се работите поради кои те сакам. Ова се моментите кога не можам да ти се наситам. Ова се причините поради кои еден ден сакам да имам дете со тебе.

До идниот татко на мојот деца,

Сакам со тебе да создадам живот. Сакам нашата љубов да создаде нешто поголемо од нас двајца. Сакам нашата креација да расте и сјае со твојата светлина, твојата страст за работите и твојот вкус за убавина. Сакам да те гледам како сакаш друго суштество онака како што ме сакаш мене.

Сакам да го погледнам нашето момче и да во него да видам дел од тебе, да ги видам твоите очи во неговите очи, да ја видам твојата насмевка во неговата насмевка. Сакам да му ги бакнам ноџињата и во нив да ги видам твоите палци.

Сакам да го заспивам нашето девојче и да се гледам себеси во неа. Сакам да ја гледам како ти се восхитува и да ја видам како го има она што јас никогаш го немав.

Немој да бидеш како мојот татко: не ја напуштај. Биди добар со неа, биди силен за неа, биди храбар за неа. Дај и го она што јас никогаш го немав, а сега можам да го имам: семејство.

Сакам да гледам како стануваш маж, а потоа старец и да се сеќаваме на тоа какви бевме кога бевме две будалести деца кои беа лудо заљубени и да ги паметам деновите кога беше се уште момче. Сакам да станам родител со тебе, а потоа да станеме баба и дедо.

Сакам да те гледам и да ти кажам дека засекогаш ќе бидам со тебе. Сакам да го поминам мојот живот со тебе. Би поместила океани и би посегнала по ѕвездите за тебе.

И еден ден, тоа мало парче живот секогаш ќе ме враќа назад кон тебе.