До дрога лесно се доаѓа - младите на удар, родителите неупатени!

Никогаш не било полесно за да се дојде до дрога. Младите на удар, а родителите неупатени. Каде лежи проблемот?

Главниот град на државата е преплавен од кокаин, поради што неговата цена на уличниот пазар никогаш не била поевтина.

Во училиштата не се зборува доволно за дрогите и нивните последици. На учениците, а особено средношколците им се неопходни повеќе програми и кампањи за да се запознаат повеќе со дрогите и нивните последици и за да можат да донесат свој став околу штетноста на дрогите и да донесат одлука дали ќе користат.

За пошироката јавност зависноста од дроги сè уште претставува табу-тема, родителите стравуваат дека нивните деца може лесно да дојдат во контакт со дрогата.