До дождот во недела стабилно и топло

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната 11 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.  Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во недела кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд.