Длабокиот копнеж за љубов од друга личност е всушност копнеж по себеси...

Тие се првото нешто на коешто помислувате кога ќе се разбудите и последно нешто на коешто помислувате пред спиење. Полни сте со идеални и очекувања, соништа за тоа како треба да се развива вашата врска и љубов. Давате сѐ од себеси затоа што длабоко во себе верувате дека љубовта секогаш победува. Но, како што минува времето сфаќате дека соништата не се остваруваат, дека не го добивате она што го сакате и дека љубовта не е секогаш доволна. Но, не се откажувате. 

По секое разочарување, се трудите да си ги соберете скршените парчиња и се трудите уште повеќе и посилно. Мислите дека овој пат вашите партнери мора да почувствуваат дека се трудите и дека ги сакате и дека ќе ви возвратат во иста мера. Но, тоа не се случува и никогаш нема да се случи. Затоа што тука не се работи за љубов која дава и прима, туку за однапред утврдени работи кои се трудиме да ги проектираме на другите.

Ако имате среќа, ќе се случи нешто што ќе ви ги отвори очите и повеќе нема да можете да мижите пред вистината и да ја негирате сопствената болка која динамиката на овие односи упорно се обидува да ја освести во вас. 

Тој длабок копнеж кој го носиме во себе и кој мислиме дека е голема љубов всушност е само копнеж по себеси, за оној дел од вас кој одамна сте го напуштиле затоа што тоа било преболно за да се соочите со него. Целата болка која ја доживуваме во врската која не ги исполнува нашите очекување всушност е само производ од старата болка која ја влечеме со нас и која другата личност само ја исфрла на површина. Тоа е подарок. Грдо завиткан, но тоа е навистина еден огромен подарок од животот и од личноста со која сме. 

Партнерите кои не се подготвени да возвратат на љубовта на начинот на кој вие очекувате се луѓе кои исто така не сакаат да се соочат со својата болка, па избираат живот полн со драми. Ако некој успеал да нѐ доведе до точка на освестување со своите постапки – треба да бидеме благодарни и да возвратиме со тоа што ќе оставиме да го пронајдат својот пат и независност и самите да се изборат со своите демони. 

Тоа е пресвртот каде се случува преобразбата, каде конечно сме подготвени да ги отфрлиме илузиите на детството, да преземеме одговорност за сопствениот живот и да ги подигнеме своите стандарди на едно друго ниво. Да се ставиме себеси на прво место. Да се вратиме во својот центар. Дури тогаш ќе бидеме подготвени за љубовта која ја сакаме, затоа што тогаш ќе бидеме подготвени и да ја дадеме.