DJ DINO MFU на 10-тиот роденден на Caffe VENEZIA

Caffe VENEZIA, омиленото место на скопјани, каде утрата се задолжително место за првото кафе, а вечерните излегувања се повеќе од забава. Место каде деловните состаноци се случуваат спонтано, а официјалностите се задолжително неофицијални. Место каде што времето застанува а вие уживате во секој миг.

Местото кое го сакате, кое редовно го посетувате, каде што сакате да сте дел од секој настан,го слави својот 10-ти роденден, јубилеј кој вреди да се одбележи на вистински начин и со забава за паметење за што ќе се погрижат DJ Marga Sol, DJ Branchez, DJ Nikiforи ѕвездата на вечерта DJ DINO MFU(www.dinomfu.com), еден од најпознатите диџеи на кој ноќната сцена во Грција од многу причини треба да му биде благодарна. Преку неповторливиот перформанс на DJ DINO MFU, Caffe Venezia, ќе  се  обиде да ви ги доближи спектакуларните музички настани од Миконос, Закинтос, Лефкада, Атина… Бескомпромисен перформанс со јасен израз на неговиот крактеристичен музички стил.

Бидете дел од роденденскиот сектакл на Caffe Venezia, 17 септември 2016 година, сабота. Почеток во 22:00 часот.