„Дивите“ продавачи пред Зелено пазарче и денеска ги нема

- Општинскиот комунален инспекторат продолжува со засилените контроли и утрово изврши увид на состојбата со дивите препродавачи во околината на Зеленото Пазарче, информираше градоначалникот на општина Центар, саша Богдановиќ. 

Патеките и уличките и денеска се слободни и проодни и повеќе ги нема сметот и лошата миризба кои се ширеа од таму, велат од Центар.

- Продолжуваме и во наредниот период, со контроли и инспекции и на другите локации на диви препродавачи кои се наоѓаат на територија на општината, изјави Богдановиќ.