„Диви“ опасни автомобилски трки по Партизанска (аудио снимка)

Гласното бучење и чкрипење по улиците во доцните вечерни часови е секојдневје на скопјани. Љубителите на брзото возење многу често пробуваат колку најбрзо можат да одат нивните „миленици“.

- Снимката е направена на полноќ, на 11.07.2017 година во 00.19 часот од  на мојот балкон кој гледа накај Партизанска. Ова се „обични“ 10 минути на „обична“ вечер. Вака е секоја вечер.Нова сум во ова маало. Сочувствувам со староседелките и староседелците. Ова е неиздржливо. Ова надминува и кршење на јавниот ред и мир и е исклучително опасно по живот заради брзините со кои се вози. Стојам на тротоар, чекам зелено и преминувам улица со страв. Опасноста е уште поголема за лица со намалена мобилност или со сензорна попреченост. Никој не е помалку човек од тие што помешале тркачка патека и главна улица во главен град на која има и пешачки премини. Ничиј живот и мир не се помалку вредни од нивната желба за големи брзини, вели една загрижена скопјанка.

Зошто нечија забава и желба за адреналин е поважна од сите наши живот и здравје, а и од мирот на сите што живеат покрај главните улици? 

Извор: kritika.mk