Директорот на Ургентен центар, Хасани: Бројот на заболени со корона вирус е поголем од објавениот

Доктор Илир Хасани, кој воедно е и директор на Ургентниот центар во комплексот на Клиничкиот центар “Мајка Тереза“, смета дека бројот на заразени од корона вурус во земјава е поголем од 285 лица. Тој во емисијата “Клик Плус“ на телевизија Тв21 изјави дека нема ништо чудно и ненормално во епидемиолoшката и здравствена наука бројот на заболени лица од одредена болест да биде поголем од бројот кој што јавно се објавува.

– Нормално е да има се повеќе и повеќе случаеи. Кога бројот на заболени ни е 285, тогаш сме сигурни дека бројот на заразени е поголем. Не е ништо ненормално во епидемиолошката наука, односно во здравствената наука бројот на заболени да биде многу поголем од бројот што се објавува, рече Хасани.