Директорот на неврохирургија пријавен за примање мито

Директорот на неврохирургија, Александар Чапароски, по пријава дека побарал мито, во вторник бил повикан на информативен разговор во полиција.

Според неофицијални информации, станува збор за татко на 14-годишно дете кое требало да замине на лекување во странство.

Чапароски наводно побарал од родителите пари за упат и стручно мислење.

Од МВР го потврдуваат случајот, но не откриваат детали.