Директорите на Зоолошките градини во Скопје и Белград договорија плодна соработка

Директорот на ЗОО Белград- "Врт добре наде", Србољуб Алексиќ во работна посета на ЗОО Скопје.

Со директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски договорија плодна соработка и во иднина, како и меѓусебно помагање и споделување на искуства во изградба на нови живеалишта и нега на животните.

Господинот Алексиќ денеска ќе го види и живеалиштето за шимпанза во Скопје, бидејќи наскоро и во Белград ќе започне изградба на нов дом за овие животни.