Директорите на училиштата во лов на ученици- прават стратегии за привлекување

Гимназиите во Центар и во Карпош се полни, но останатите што се понастрана, мака мачат да го исполнат потребниот број слободни места предвидени со конкурсот.

Во ек на матурските прослави и на подготовки за полагање државна матура, директори на средни стручни училишта периодов го користат за да убедуваат деветоодделенци, своето образование да го продолжат во нивните училишта. Тие се принудени да го прават ова затоа што пред секои уписи, имаат проблем со исполнување на слободните места. Средното стручно образование тадиционално е далеку понеатрактивно од стручното, па училиштните раководства мака мачат секоја година да привлечат ученици. 

- Мора да одиме на терен. Им зборуваме на основците што нудиме, кои струки, кои смерови, ги информираме за начинот на учење. Стручното образование има проблем, освен медицинската и економската сттука. Гимназиите се секогаш полни, стручните се празни. Централните училишта и гимназиите во Карпош се полни, но останатите што се понастрана навистина имаат проблем да го исполнат потребниот број слободни места, вели Ефтим Пејовски, директор на „Михајло Пупин", за Вест.

Според него, за да се промени ваквата слика потребно е да се воведе професионална ориентација во основното образование, односно следење на вештините и на афинитетите на секое дете. 

Уписите за во средно образование ќе се реализираат на 28 и на 29 јуни. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули. Училиштата кои во двата уписни рока нема да ги исполнат утврдените ученички места, продолжуваат со запишување на ученици до 31 август.

 

Извор: вест.мк