Дијамантска зелена градина во скопски Карпош (ГАЛЕРИЈА)

Зелените покриви веќе се прифатлив светски тренд, процес одговорен кон природата и одржлив концепт како логичен продолжеток на потребата да се штеди енергија.

И во нашиот главен град зелените покрив се решенија кои ја надоместуваат загубата на градските паркови, уживајќи во својот економичен, функционален и еколошки дом. 

Во тек е изградбата на станбениот објект на „Адора“ кој ќе има Дијамантска градина.

Завршени се ѕидарските работи, надворешната столарија и прозорите од реномираниот бренд Rehau Geneo, безметални ПВЦ 6 коморни профили и 4 сезонско термопан стакло.

Овој енергетски ефикасен објект го носи зеленото домување во атрактивна урбана зона во скопски Карпош-Тафталиџе со изобилство природна светлина, свеж воздух, ниска потрошувачка на енергија за греење и ладење, уникатна внатрешност со два атриуми и декор со зелени градини.

Надворешност на објектот е инспирирана од благородниот зелен дијамант, а внатрешноста ќе биде вистинска градина со изобилство природна светлина и свеж воздух.