Диета со малини

Овој начин на исхрана препорачува 4 оброци во текот на денот, а еден од нив мора да содржи животински протеини.

Малините се богати со антиоксиданси, минерали и витамини Б1, Б12 и витамин Ц, што можат значително да придонесат за намалување на прекумерната тежина. Многуте природни влакна кои ги содржат малините имаат моќ да не држат сити, а една шолја од ова овошје содржи околу 64 калории.

Истражувањата покажуваат дека малините се одлични за луѓето кои имаат проблем со бубрезите и висок крвен притисок, но и оние кои сакаат да го смалат нивото на холестерол во крвта. Со примената на диетата со малини можат да се изгубат до три килограми за три дена, колку што е предвидено и да трае оваа диета.

Начинот на исхрана вклучува 4 оброци, од кои еден е со животински протеини, како риба, пилешко или говедско. Диетата е погодна за љубителите на месо, бидејќи клучот за успех според нутриционистите се наоѓа во комбинацијата на малини со месо.

Прв ден

Појадок: 1,5 чаша малини и 6 лажици немасно сирење

Ужина: Смути со малини

Ручек: Пилешко филе со еден домат и 2 шолји малини за десерт

Вечера: Смути од малини

Втор ден

Појадок: 100 гр. малини

Ужина: 150 гр. малини

Ручек: 150 гр. бела риба, 100 гр. зеленчук по избор

Вечера: 200 гр. малини и 100 гр. ореви

Трет ден

Појадок: чаша јогурт и 100 гр. малини

Ужина: 200 гр. малини и неколку ореви

Ручек: 150 гр. говедско, салата од морков и зелка

Вечера: 2 печени јаболки со ореви и суво овошје, шолја малини

nike air max 1 sale