Дибиров вози исти автомобил како Ван Перси, Карачиќ Ауди - возниот парк на ракометарите на Вардар

Ракометарите на Вардар се најплатените ракометари во земјава, а ракометниот клуб Вардар по освојувањето на Лигата на шампионите во Скопје се врати побогат за 500 илјади евра.

Доколку се собере целата сума таа е еднаква на само неколку автомобили од возниот парк на вардарци.

Ракометарите на Вардар иако повеќето се скромни, речиси сите  возат автомобили по свој вкус, но Тимур Дубиров со својот „ѕвер“ се издвојува од сите.

Тој во  моментов вози Порше-панамера кое изнесува околу 80.000 евра.

Клубскиот колега на Дибиров, Игор Карачиќ до 2014-та година возеше Ауди, додека сега не е познато дали ракометарот се има подновено со нов автомобил.

Едни од поскромните ракометари како Илија Абутовиќ, Петар Анегелов и Владо Недановски во 2014-та година од страна на фотограф на телеграф.мк беа уловени со следниве автомобили:

Абутовиќ, Фиат-Стило, додека Недановски, Цитроен Ц4, а скромен во својот избор е и Петар Ангелов кој истата година е забележан со Шкода-Суперб, но дали после 3 години ракометарите се подновиле со нови автомобилите останува да видиме во следна прилика.

Според информациите единствено сопственикот на клубот, Русинот Сергеј Самсоненко  вози модел од класата на Порше Кајен, вредно околу 100.000 евра.