Аналниот секс за многумина и понатаму е табу тема. Не се осмелуваат сите девојки да го испробаат претежно поради предрасудите кои ги имаат за него. Ви ги пренесуваме одговорите од две девојки кои за Cosmopolitan.hr одговориле на сите прашања кои не` интересираат, а ни било срам или сме немале кого да прашаме.

Она што сите сакаме да го знаеме – Дали боли?

Девојка А: Мене ме болеше. Првиот пат имав чувство дека во тој дел од телото не треба да се прави ништо слично. Меѓутоа, научив дека е најважно да се опуштиме и да држиме бавно темпо. Читав дека „анално дилдо“ за време на предиграта може да помогне, но јас уште го немам испробано.

Девојка Б: Хахха, секако дека боли. Ако не боли, никог не би го поставувал тоа прашање.

Зошто тогаш го практикувате?

Девојка А: Јас се одлучив за тоа бидејќи имав слушнато аналниот секс може да биде многу пријатно искуство и дека може да доведе дури до оргазам. Покрај тоа, претставува и табу, а мене ме привлекуваат такви работи. Па си реков ’зошто да не?“.

Девојка Б: Обично тоа го правам кога сум пијана или кога се обидувам да го импресионирам среќникот кој е во игра.

Кој го сакал повеќе, вие или партнерот?

Девојка А: Јас. Со оглед на тоа што многу девојки го сакаат. Момчето со кое сум во врска не е некој вљубеник во аналниот секс. Веројатно затоа сум го имала само три пати.

Девојка Б: Тој! Кога ќе се случи, обично е зошто јас попуштам. Се` зависи од тоа колку ми се допаѓа момчето. Освен тоа, после аналниот секс, се чувствувам како да ми должи нешто.

Каков ви беше првиот пат?

Девојка А: Чудно е. Делува многу тесно и непријатно. По малку како грч. Меѓутоа, така беше само првиот пат. Следниот пат е многу подобро.

Девојка Б: На почетокот, многу непријатно. Сепак, пенис ви влегува во анусот, мора да биде непријатно.

Какво е чувството после некое време?

Девојка А: Се чувствувате исполнето, буквално! И чувството е многу интензивно.

Девојка Б: Се навикнувате со тек на време. И станува пријатно. Веројатно исто и како со вагиналниот секс.

Продолжува на следната страна...