Девојче си заминало од Домот „25 мај”, откако претходно влегла во расправија со друга штитеничка

Четиринаесет годишно девојче си заминало од Домот „25 мај”, откако претходно влегла во расправија со друго девојче-штитеничка во домот.

Како што соопшти МВР, вчера во 15 часот е пријавено дека 14 годишна штитеничка на домот „25 мај” се оддалечила од домот откако претходно физички нападнала друга 12 годишна штитеничка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето.