Девојче почина од грип во Клиниката за детски болести во Скопје

Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести како последица од компликации од грип. Девочјето кое имало и други хронични заболувања, е првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Таа посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип што е зголемување за 27,9 % споредено со неделата преходно кога биле регистрирани 2,825 заболени, објави А1он.мк