Девица : Хороскоп за јули 2017

работа

Од 5 јули па до крајот на месецот, Венера минува низ знакот Близнаци и вашето поле на работата и кариерата. Тоа ќе ви донесе можност за остварување напредок и остварување на работните цели низ пријатен и добро осмислен настап во деловните преговори. Ќе бидете успешни ако се занимавате со комуникации, информации, сообраќај, козметика и моден дизајн.

7 јули ви носи можност да се договорите околу поддршката која ви е потребна во развојот на актуелните работни проекти. Во работата ќе создадете пријатна и пријателска атмосфера, што ќе ви олесни да работите тимски и да го забрзате остварувањето на планираните цели. Вие самите ќе бидете мотивирани, а ќе умеете и својот ентузијазам да го пренесете и на своите колеги и соработници. Потребен ви е само внимателен пристап со луѓето кои се на раководна позиција, како и вашите директни надредени, бидејќи тие имаат барања кои нема секогаш да се вклопат во вашиот концепт на работење во текот на овој месец и ќе морате да се прилагодувате.

Ќе имате многу идеи како да ги подобрите своите финансии, да остварувате подобар профит во однос на претходниот период и да го зголемите салдото на својата сметка. Ќе донесувате помудри одлуки врзани за инвестициите и внимателно ќе ги распоредувате своите приходи и расходи. Бидете внимателни на 17 и 24 јули. Во тој период нема да можете реално да ги согледувате своите можности, па можете да се залетате и да направите загуба.

Љубов

Ако сте во врска: Разговарајте колку е можно повеќе со вашата сакана личност за сите работи кои можат да донесат до напредок во вашата врска. Ќе откриете дека партнерот размислува исто како вас и така ќе успеете да одлучите кои се вашите приоритети и заеднички цели за понатаму. Освен за важните прашања, ќе можете да разговарате и за меѓусебните потреби и ќе ви годи да споделите еден со друг тоа што чувсзтвувате.

Потребни ви се заеднички забави и излегувања за да не чувствувате монотонија во вашиот однос.  Организирајте вечера или излегување на место кое заеднички го сакате. Посветете се и на семејството и семејните прашања.

Ако сте слободни: Ќе ви пријде личност која ве привлекува и со која ќе започнете разговор. Ќе добиете позитивен одговор од нивна страна и нештата полека ќе почнат да се одвиваат во позитивна насока. Можно е и започнување на врска, но притоа ќе забележите дека другата страна по  малку ви врши притисок и затоа ќе биде потребно да сте внимателни. Не е сигурно дека ќе ја сакате таа врска по секоја цена.

Некои од Девиците се соочуваат со дилемата дали да продолжат да се посветуваат на своите лични цели или повеќе време да минуваат со личноста која им се допаѓа, а со која се уште не се на чисто дали се во врска или не. Би било мудро да и дадете шанса на љубовта.

Здравје

Ќе имате променливо здравје и ќе бидете подложни на замор и послаба циркулација. Ќе бидете склони на психосоматски реакции и особено ќе ве погодуваат мали ситуации. За да ја подобрите отпорноста на вашиот организам, избегнувајте стресни ситуации и подобро организирајте се во секојдневниот живот. Најдете време за одмор и психофизичка релаксација.

Храната богата со хранливи влакна ќе најпогодна за овој период. Не излегувајте на сонце, доколку не морате.