Деветто издание на „Види музика, слушни слика, добиј книга!“

Деветтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“, ќе се одржи на 23-ти јуни со почеток од 21 часот под мотот „Скопје за Боуви“ во чест на починатата британска музичка легенда Дејвид Боуви.

На шоуто ќе настапи оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Емин Џијан во придружба на Женскиот хор при МКЦ. Свое претставување ќе имаат и сликарите Агрон Абдули и Ивана Младеновска. Организаторите подгтовија 20 000 бесплатни примероци од книгата „Психоделија во предградието“ за најголемите фанови на Дејвид Боуви. Книгата е пишувана од некогашна љубовница Мери Финиган, а во неа се зборува за почетоците на кариерата на британската музичка легенда. Книгата е издадена кон почетокот на оваа година. 

cheap nike free run 5.0