СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19-годишниот М.З. oд Скопје поради „убиство“, за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка „одземен пасош и има обврска да се пријавува секој ден во полициска станица“.

На први месецов околу 15 минути по полноќ, 52-годишниот С.С. од Скопје, додека се движел пеш по тротоарот од булеварот „Св.Климент Охридски“, бил удрен со едно бекатонско парче во тилот од страна на насилникот кој управувал велосипед. 

Од ударот скопјанецот паднал на тротоарот и останал да лежи, каде бил пронајден од припадник на Единица Алфа.