Деветмина мигранти пронајдени во автомобил на автопатот Штип-Скопје, возачот им побегнал на полицајците

При извршен преглед во автомобил на автопатот Штип-Скопје, чиј возач успеал да и побегне на полицијата, биле пронајдени деветмина мигранти, од кои шест лица од Бангладеш и три лица од Пакистан.

Како што информираат од МВР, рано утрово околу 01.35 часот на автопатот Штип-Скопје, кај местото викано „Канда“, полицајци од Свети Николе дале знак за запирање на автомобил „алфа ромео“ без регистарски ознаки.

Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип. Во близина на Филтер станицата возачот го запрел автомобилот и побегнал, а по извршениот преглед, во возилото биле пронајдени деветмината мигранти.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.