Детство, помини покрај мене – јас имам телефон...

Многу родители им дадоа телефони на децата и со тоа стиснаа стоп на развојот на своите деца, на создавање незаборавни спомени, стекнување нови искуства и со тоа нивниот ум се пресели во вирутелниот свет во кој децата се неми набљудувачи.

Ако детето посака постојано да оди во коцкарница, тогаш сите родители би биле загрижени, но кога децата нон-стоп бараат и сакаат телефон, родителите не сфаќаат дека зависноста е слична.

Родителите на мир можат да пијат кафе, да се дружат, да работата, да готват, да читаат весници и (иронично) на мир да гледаат во телефонот. Не би било страшно доколку понекогаш родителите на овој начин си купуваат половина час слободно време, но ситуацијата е многу пострашна.

Секој конфликт, секоја непријатност, секое залче се сервира со полунесвесна состојба на детето, затоа што тука е шарениот телефон. Ако мене ме прашувате, на овој начин се измамува детето.

Кога ќе се навратам назад, недвосмислено сфаќам дека мој мост кон остварување на желбите била моќта на комуникација и сфаќање на меѓучовечките односи.
Втората мајка на мудроста која ја забележувам е трпението. Ништо без трпение. Тоа беше тешка лекција за мене.
Третата мајка на мудроста, без која не може да постои ниту едно општество, е компромисот. Без компромис нема ни брак, ни кумство, ни професионална соработка.

Старите велат: „Ех да ги имав твоите години, моето искуство, ќе знаев како да го искористам животот.“ Но, секој млад човек има свои искуства и врз основа на нив ја гради својата иднина. Се прашувам што ќе се случи со децата кои немаат искуство без телефон, па можеме да кажеме дека „годините проаѓаат, а искуството го нема“.

Четвртата и петта кралица на успехот се волјата и упорноста. Дури и ако имаш најголем талент за нешто, без волја и упорност, „можеш да се сликаш“. Истото е и со образованието, започнувањето бизнис и слично. А упорноста и волјата незабележливо се градат за време на детството. Со површните уживања кои ги нуди модерната технологија, речиси комплетно се блокираат.

Дали тие деца се подготвени да го користат своето слободно време без надворешни стимуланси? Дали можат да ја поднесат непријатноста на досадата? Познато е дека досадата ја поттикнува креативноста и фантазијата.

Телефоните носат многу проблеми, како што се проблемите со видот, ‘рбетот, виртуелниот свет и виртуелниот идентитет, но, според мене, најголемиот проблем е тоа што детството едноставно пролетува покрај тие мирни, молчеливи суштества во развојот. Проблемот е во пропуштањето. Пропуштањето на детството и животот, кои немаат реприза.

Се прашувам што би се случило кога одеднаш децата би останале без телефон? Дали се воспитани да седат пристојно и да вечераат? Дали можат да си играат повеќе од половина час? Дали се познаваат себеси? Дали вие ги познавате вашите деца во реалниот свет? Дали тие го почувствувале животот или само вештачкиот свет полн со стимулации?

И сега гласно ги прашувам родителите: Дали би им дале лекови кои исто така ги смируваат, само за да не ви пречат, да молчат и несвесно да ја голтаат храната, да не бараат ништо и никогаш да не им е досадно, да не им треба друштво, контакт со вас... да не им треба ништо освен тие магични апчиња? Се надевам дека ова ви звучи страшно и дека одговорот е НЕ.

Но, сличното се случува со телефоните. Наместо да бидат главни и најактивни јунаци на сопствениот живот, децата станаа неподвижни и молчеливи набљудувачи, без никакви дополнителни желби.

Ах, колку работи пропуштаат тие кутри деца! Тие не виновни и баш ми е жал...