Детското „Кино утро 2018“ почнува на 9-ти јануари во Кинотека на Македонија

Во Кинотеката на Македонија од 9-ти до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филмски остварувања за деца. Проекциите ќе почнуваат во 12 часот напладне.

Програмата на „Кино утро“ ќе биде отворена на 09 јануари со проекцијата на филмот „Мравко“. Истиот филм ќе може да се погледне и на 15 јануари. На 10 и на 16 јануари ќе се прикажува филмот „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11 и 17 јануари – „Малите виленици Пикси“, на 12 и 18 јануари – „Мармадјук“ и на 13 и 20 јануари – филмот „Змејска топка 2“.