Детски викенд во МОБ: „Операта на шумските животни“

Македонската опера и балет ја информира јавноста дека МОБ продолжува со т.н. Детски викенд. Викедот кој ни предстои (сабота и недела, 04. и 05.03.2016 г), на малата сцена во МОБ ќе биде изведена детската претстава „Операта на шумските животни“ во два термини, од 12.00 и 13.30 часот.

Сценариото на оваа музичко-сценска претстава има за цел да ја запознае, едуцира најмладата публика примарно со поимите во однос на оперската уметност, а воедно и со композитори, оперски пеачи, солисти, режисер, хор и сценарист. Сценариото изобилува со многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.

Музичкиот дел е исполнет со популарни арии од оперите: „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“, „Рита“ и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.

Сценариото и режијата се на Десанка Глигоријевиќ.