Сакате да ги намалите килограмите? Или пак сакате да го исчистите вашето тело од лошите состојки? Водата збогатена со билки, овошје и зеленчук е одлична за тоа.

Како да ја подготвите? Во бокал или стаклено шише со вода, додадете ги овие различни состојки. Ова се неколку рецепти.

Вода со краставица – помага во исфрлање на токсините, ги победува воспаленијата и го подобрува варењето. Едноставно исечкајте ја краставицата на мали парчиња и додадете ја во 1 литар вода.

Вода со портокал – ги исфрла токсините и го подобрува имунолошкиот систем. Исечете 1 голем портокал на парчиња и ставете го во 1 литар вода.

Вода со грејпфрут – ги исфрла токсините, помага во намалувањето на килограми, го подобрува варењето, содржи антиоксиданти и помага во намалување на холестеролот. Исечете 1-2 плодови грејпфрут и ставете ги во водата.

Вода со лубеница – ги победува воспалителните процеси, ги исфрла токсините, го подобрува имунолошкиот систем, го подобрува крвотокот.

Вода со лимон или лимета – ги исфрла токсините, ја подобрува кожата, го подобрува имунолошкиот систем, придонесува за слабеење. Исечете 1-2 лимони и додадете ги во водата.

Вода со јаболко – спречува рак, ја намалува телесната тежина, ги исфрла токсините, го подобрува имунолошкиот систем. Доколку сакате да ослабете можете да додадете и цимет.

Вода со нане – ја победува депресијата, го подобрува варењето и ги намалува болките во стомакот. Додадете свежо нане во водата.