Детокс напиток од грејпфрут и бадеми за супер имунитет

Лесен и едноставен за подготовка, а претставува моќна комбинација за јакнење на имунитетот.

Потребни состојки:

50 г бадеми

6 дл вода

1 лажица мелен сусам

2 лажици мелен лен

1 грејпфрут

Начин на подготовка:

Бадемите натопете ги во вода преку ноќ, а потоа ставете ги во блендер, а потоа додајте 6 дл вода, измиксирајте  и процедете. Во така подготвеното млеко додајте го ленот, сусамот и грејпфрутот. Измиксирајте добро и потоа, напитокот е готов.

На здравје!