Дете загина во судир на БМВ и трактор во скопско

Единаесет годишно дете го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 19:20 часот се случила на патот Скопје – ХЕЦ „Козјак“.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „БМВ“ со италијански таблички управуван од Ш.Д. (39) од село Црн Врв и трактор кој го возел 41 годишниот Д.М. од село Малчиште.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле сопатниците од тракторот Д.И. (40) и 11 годишно дете кое околу полноќ им подлегнало на повредите во Ургентниот центар.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.