Во 21 часот синоќа во Полициска станица -Центар, А.В. пријавил дека истиот ден околу 19 часот и 50 минути во Градскиот парк во Скопје, од страна на две лица му било извршено разбојништво.

Полицијата информира дека лицата со употреба на физичка сила и закана со нож нападнале 15 годишно дете, син на пријавителот, при што му е одземен мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилниците.