Skopje etc.
11. Јануари 2017 - 13:45

Дете-Јастог: Убиецот на кого му пресуди сопствената фамилија

Грејди Стајлс, кого веројатно никој така не го ословувал, бил популарното Дете-Јастог, благодарение на вродената деформација поради која рацете му изгледале слично на клештите на јастог. 

Во време кога хирургијата била во своите зачетоци, луѓето со деформации немале особен избор за водење нормален живот. Или се повлекувале од јавноста или станувале циркуски чудовишта, за кои луѓето би плаќале да ги видат. Патот на Детето-Јастог е токму ова второто. Половина од својот животен век го помина патувајќи и настапувајќи со циркус, следејќи ги стапките на својот татко, кој исто така бил циркуски забавувач. Во неговиот циркус ги вработил двете деца, син и ќерка, и двајцата со истата генетска деформација. Во циркусот бил познат како тежок алкохоличар и злоставувач. 

Кога семејството не би настапувало во циркусот, би биле сместени во семејниот дом на Флорида, во градот Гибсонтон. Овој град меѓу другото и го нарекувале град на циркусот, бидејќи голем број забавувачи живееле во него вон сезоната. На улиците на Гибсонтон не било воопшто чудно да се забележат најразлични накази, како на пример дивата од 2 и пол метри, брадеста жена, џуџиња, како и Детето-Јастог.

 Не чуди ни фактот што убиството на Стајлс се чинело како интерна, семејна, циркуска работа. Грејди Стајлс, се носел со својот деформитет така што утеха нашол во алкохолот, а бил одвратен пијаница. Не можел потполно да се користи со нозете, па за движење ги користел главно рацете, па затоа горниот дел од телото особено му бил развиен. Неговата сила и бес, комбинирани биле грозни. Под влијание на алкохол, често би ги давел своите деца со своите „клешти“ и вербално се иживувал врз нив. Тензиите во семејството ескалирале 1978-ма година, кога неговата ќерка Дона соопштила дека се вљубила и дека се верила. Од непознати причини Грејди Стајлс не ја оправдувал нејзината одлука, па вечер пред свадбата земал пушка и му пресудил на вереникот на сопствената ќерка. Случајот бил медијска сензација, а Јастогот не покажал ни трошка каење. Веднаш ја признал вината и бил осуден, но не поминал ниту еден ден во затвор. 

Дијагностициран му е емфизем и тешка цироза на црниот дроб и во комбинација со неговиот деформитет бил случај кој ниту еден затвор не можел да го згрижи. Во тоа време, ниту еден затвор не бил доволно добро опремен за да може да води грижа за таков затвореник. Па наместо затвор, добил условна казна од само 15 години. 

Неговата ќерка Дона, никогаш повеќе не разговарала со него. Грејди Стајлс набргу потоа, престанал да пие и ѝ се вратил на својата прва сопруга Мери, која го напуштила својот „нов“ маж, кој бил џуџе и забавувач во циркусот. Но, работите биле далеку од идеални, благодарение на тоа што се извлекол за убиството, Стајлс се чувстувал непобедливо. Му се вратил на алкохолот, а кога некој само би го погледнал погрешно, би се заканувал: Убив претходно и се извлеков, ќе го направам тоа пак!

Конечно, на неговата жена и дошло преку глава, по едно особено лошо пијанство, вечерта на 29-ти ноември 1992 година, убиецот му го одзела животот во нивниот семеен дом. Иако, деталите се нејасни, официјалната полициска истрага вели дека неговата сопруга Мери се здружила со нивниот син и заедно најмиле друг циркуски забавувач да го убие озлогласениот „Јастог“. Во текот на судењето, семејството се бранело дека само сакале некој да го претепа и да го заплаши, но не и да го убие. 

Сепак, заклучокот од судењето бил дека синот на „Јастогот“ му платил на извесен Крис Вајат 1 500 американски долари, па според тоа, за таа цифра имале на ум нешто повеќе од само заплашување. Погребот на Грејди Стајлс бил еднакво депресивен како и неговиот живот, бил толку омразен, што никој дури не сакал да го носи кофчегот.