Детална временска прогноза: Температури до 20 степени, па голем пад и промени

Следува период на сончево време со пораст на дневната температура. Денеска времето ќе биде сончево и тивко, проследено со минимални температури од -2, а максимални до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со температури до 12 степени.

В понеделник времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура од -6°C до 2°C. Максималната температура: 12°С до 18°C.

Во вторник ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер. Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 13°C до 20°C.

Во среда облачноста постепено ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во четврток се очекуваат врнежи и намалување на температурата.