Детална временска прогноза - метеоролозите соопштија какво ќе биде летото годинава

Според најновите анализи кои ги направи метеорологот Славчо Попоски со помош на најпрецизниот метеоролошки модел ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза) летото кое е пред нас ќе биде натрпосечно топло со повисоки температури од нормалните но и поспарно што значи дека очекуваме ова лето топлите бранови од северните предели на Африка да бидат почести над нашите краишта па така повремено очекуваме температури и од над 40 степени во најтоплите региони што и не е за чудење затоа што овие температури се сепак нормални за нашите краишта и сме ги имале и порано.

Што се однесува пак до врнежите истите ќе бидат над просекот односно ќе има повеќе врнежи од вообичаеното што значи дека поради загреаната атмосфера исполнета со енергија почесто ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а секако дека покрај ова се очекуваат и повремени временски непогоди со град, обилни врнежи и силен ветер како и повремени освежувања на времето односно од север повремено секако дека треба да очекуваме продор на посвеж воздух и пониски температури во текот на летото кое што ни претстои.

Инаку со слична прогноза денеска излегоа и Американските метеоролози кој ја објавија сезонската прогноза за лето 2019 за целиот Европски Континент.