Детална листа од Централниот регистер - ќе се избришат 4.300 фирми

Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва објави список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар спроведува постапка за бришење согласно член 552-б од истиот закон.

Фирмите се бришат поради тоа што до 31.12.2016 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2015 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог.

„Централниот регистар на Република Македонија истовремено ги повикува законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од денот на објавувањето на ова соопштение да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија“, соопшти регистарот.

Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Детална листа на фирмите на кои им се заканува бришење ТУКА.