Детали за земјотресот во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава  во 9 часот и 54 минути регистрира слаб земјотрес со Рихтерова магнитуда 3.4, кој потекнува од охридското епицентрално подрачје. 

Неговиот епицентар се наоѓа на 5км  источно од Охрид.Земјотресот беше почувствуван од населението во Охрид и околоната со интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.